Трговски центар и два хотели беа погодени вчера во нападите на Одеса.
– Три проектили „Кама“, нови руски хиперсонични ракети, беа истрелани од авион и ја погодија „метата на туристичката инфраструктура“, изјави Сергеј Брачук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.
Како што се наведува, трговскиот центар и магацинот се целосно уништени. Украинските власти соопштија дека едно лице починало, а пет се пренесени во болница.
Нападите се случија доцна во понеделникот, истиот ден кога претседателот на Европскиот совет беше во градот. Шарл Мишел рече дека видел силоси полни со жито, пченица и пченка во Одеса кои биле подготвени за извоз – но блокирани.
На снимката која украинската армија ја објави на Интернет се гледа како пожарникарите шетаат низ урнатините на поранешниот трговски центар и магацин, а густ, црн чад го исполни центарот на пристаништето.
Украинскиот пратеник Валентин Наливајченко, поранешен шеф на безбедносните служби на земјата, беше интервјуиран за Скај Њуз. Тој им рече на публиката:
– Истиот ден во Украина, во градот Одеса, во градот Николаев, Русите ги гранатираа нашите градови, нашите цивили. Во говорот на Путин не слушнавме никаква вест, добра вест за никого, за нас, за цел свет.
Moment of the Russian strikes on #Odesa last night pic.twitter.com/xc01s5bulV
— marqs (@MarQs__) May 10, 2022