Уличен дефект на крстосницата Његошева и Софиска
Прекин во водоснабдувањето утре ќе има во повеќе улици во општина Карпош поради уличен дефект, информираат од ЈП Водовод и Канализација.
Од претпријатието соопштуваат дека на 10.02.2026 година (вторник) ќе се врши санација на дефект на водоводна мрежа со пречник ф-100 милиметри. Дефектот е лоциран на крстосницата на улиците Његошева и Софиска. Поради интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од улиците Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.
Од ЈП Водовод и Канализација наведуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Посочените улици се наоѓаат на подрачјето на општина Карпош.
