Владата на вчерашната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.
Од Министерството за здравство соопштија дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.728 граѓани, а вкупно се вакцинирале 15.424. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.
Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.
Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од.