Орбан свика состанок откако Србија пријави закана

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска попладне ќе одржи итен состанок на Советот за одбрана поради откривање експлозиви и средства за нивно активирање на критичната гасна инфраструктура што ја поврзува Србија и Унгарија.

Орбан претходно на недела наутро имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, по кој ја информирал јавноста за сериозноста на ситуацијата.

„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Српските власти пронајдоа моќна експлозивна направа и средства за нејзино активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Истрагата е во тек. Свикав итен Совет за одбрана за денес попладне“, напиша Орбан на својот Фејсбук профил.