Новите фактури заструја за месец јули кои треба да се испорачаат ќе бидат со новата цена, но без намалено ДДВ.

Министерот за финансии Бесими посочи дека додека не се донесе законското решение, сметките ќе се пресметуваат со ДДВ од 18 отсто, наместо со 5 проценти.

– ДДВ ќе се намали од 18 на 5 проценти кога ќе биде усвоено, но јас сметам дека е прашање на денови овие измени да бидат донесени. На новите сметки е опфатен период пред одлуката на РКЕ и опфаќа дел пред таа одлука и една недела по таа одлука. Се додека законот не помине во Собрание, сметките ќе биде повисоки, рече Бесими.

Зaконот се уште не е ставен на дневен ред на седниците на Собрание на 15 и 22 јули.

Од ЕВН потврдуваат дека на сметките ќе пресметуваат за 12,3 проценти повисока цена на струјата и сегашното ДДВ од 18%.