-Првичниот плац за облакодерите беше 4.000 м2, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13.000 метри квадратни. Тоа се двојните аршини на СДСМ за Центар, пред народ зборуваат за паркови, а во позадина окрупнуваат парцели за бетонизација. Од 4.000 м2 површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ допродаде уште 9.000 м2 државно земјиште за да може бетонизацијата да го проголта овој дел од Центар, посочуваат од партијата.