За два дена ќе започне повлекувањето на војниците на контингентот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан, изјави денеска претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев.

-Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена, рече Токаев.

Претседателот го назначи Алихан Смаилов за премиер, соопшти прес-службата на шефот на државата. Смаилов беше првиот вицепремиер и вршител на должноста премиер, откако Токаев ја прифати оставката на владата предводена од Аскар Мамин на 5 јануари, поради протестите.