Од таборот на Манчестер Јунајтед не можат глава да кренат од проблеми, кои во моментов се од секаков можен карактер. Клубот од „Олд Трафорд“ се соочува со сериозни играчки и резултатски предизвици во тековниот дел од сезоната.
Еден од главните проблеми се токму повредите на голем број фудбалери, кои поради здравствените проблеми не се во можност да му помогнат на тимот на теренот.
Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко задава најмногу главоболки за стручниот штаб. Тој веќе пет недели е надвор од стројот, а поради повредата не настапи ниту за својата репрезентација против Македонија во рамките на Лигата на нациите.
Информациите што пристигнуваат од тренинг-центарот во „Керингтон“ укажуваат дека состојбата со неговиот мускул и понатаму е доста проблематична. Лекарските анализи потврдуваат дека истата ќе го оддалечи напаѓачот од терените уште извесно време, при што најцрните сценарија предвидуваат дека Шешко можеби нема да се врати во игра сѐ до крајот на оваа календарска година.
