Вчера во 22.15 часот било пријавено дека на крстосница на бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко  возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.