Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото не застанало на дадениот знак, удрило во двајца полициски службеници, при што тие се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им се констатирани телесни повреди.
Увид на лице место извршила екипа од полициска станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.