На 14.01.2022 во 23.00 часот било пријавено дека на патот Пробиштип-с.Ратавица, на место викано „Коритница“, патничко возило „нисан кашкаи“, со кочански регистарски ознаки, управувано од А.А.(21) од с.Ратавица, кочанско, излетало надвор од коловозот, по што го напуштило местото на несреќата.

На 15.01.2022 во 03.30 часот во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ на лекарски преглед се јавиле двајца малолетни сопатници од возилото, при што им биле констатирани телесни повреди, а околу 19.45 часот дошол уште еден малолетен сопатник од возилото, на кој му била констатирана тешка телесна повреда.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.