Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Тајмиште.

Несреќата се случила вчера помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(61) од с.Слатина, скопско и патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(37) од с.Калишта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Б.И.(67) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.