Стружани, Дебарчани и Охриѓани почувствуваа земјотрес, а тој беше на територијата на Република Албанија.

Земјотресот со магинтуда од 3,8 степени по рихтеровата скала се случил во 14:50 часот на длабочина од 10 километри со епицентар во Видас, на 10 километри од Елбасан и 31 километар од Тирана, а е почувствуван и во Драч.

Нема информации за евентуална причинета материјална штета.