Осум училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби дознава 24 инфо.
Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа Јосип Броз – Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Панче Арсовски, Михајло Пупин, Никола Карев, Арсеније Јовков, Орце Николов и Владо Тасевски во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.