На 02.02.2023 во 07.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор од автобуска станица на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(72) од Старо Нагоричане, удрило во пешакот Г.Ј.(35) од Куманово, информира МВР,

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.