Неколку десетици демонстранти се собраа во близина на пакистанската амбасада во Кабул, а талибанците отворија оган за да ги растераат, потврдија демонстранти, објави Би Би Си.

Според медиумот, жените кои учествувале во протестите излегле на улиците во неколку градови, вклучувајќи ги провинциите Парван и Нимруз.