Феминистичките организации, синдикатите, младите и движењето „Жолти елеци“ повикаа денеска на нови демонстрации ширум Франција против насилството врз жените. Овие собири се организираат во услови на континуирана општествена мобилизација и протести што траат веќе два месеца.

Демонстрациите се планирани во повеќе од 30 градови, меѓу кои Париз, Лил, Лион и Марсеј, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, на 25 ноември.

Овогодишните феминистички собири се одржуваат во услови на засилени општествени тензии и зачестени демонстрации низ земјата, кои активно траат од крајот на септември. Протестите се поттикнати од барањата за обезбедување финансиски средства за средните училишта и за универзитетите, како и од настојувањата за заштита на куповната моќ на граѓаните и јавните услуги.

Ова е седма последователна сабота со протестни маршеви организирани низ Франција.

Во Париз, каде што за денеска во 14 часот се најавени два одделни протестни марша, полициската префектура очекува да се соберат околу 40.000 демонстранти.