Жена од скопското село Јурумлери вчера со тврд предмет нападнала 22 години помлада жена пред маркет во населбата Гази Баба, соопшти полицијата.

На 02.11.2022 во 21.30 часот во полициската станица Гази Баба, Б.С. (36) од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во близина на маркет на подрачје на Гази Баба била физички нападната со тврд предмет од З.Б.(58) од село Јурумлери, скопско, се наведува во полициското соопштение.

Вчера МВР информираше дека две жени се тепале на автобуска постојка во населбата Кисела Вода.