На 27.06.2023 во 11.30 часот А.В.(21) од Скопје пријавила дека на 25.06.2023 околу 21.30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Д.О. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2023 во 22.24 часот, З.А.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.06.2023 во 18.20 часот Р.А.(65) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната со тврди предмети од Е.М.(35) и Е.Е.(58), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.06.2023 во 14.00 часот В.С.(47) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Драчево била физички нападната од Г.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2023 во 18.00 часот И.И.(32) од Скопје пријавила дека во с.Зелениково, скопско, по претходна расправија, била физички нападната од 44-годишната Г.С. од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.