Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани дека пожарникарите интервенираат на пожар на отворен простор во непосредна близина на с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.

Гори сува трева, нискостеблеста шума и отпадоци.

Поради силниот ветар пожарот се ширел брзо. Во гасењето учествуваат 12 пожарникари со 3 ПП возила и месно население. ЦУК ги извести и МВД и ДЗС.