Вчерашниот говор на Димитар Апасиев за Уставните измени наиде на многу пофални зборови од македонската јавност, но сепак станува збор за плагијат од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев продолжува да се кити со туѓи перја. Од видеото кое може да го погледнете во продолжение јасно се гледа дека говорот на Апасиев е плагијат и еден час подоцна се искористени истите фрази како на Мицевски.

Во прилог цитираме дел од фразите кои Апасиев ги презема од Мицевски: „Како што велат некои кругови во Софија убивани на македонскизмот, Како салама ги сецкаат и после тоа го прикажуваат како успех, Копенгашки критериуми, Не обезбедивте државнички гаранции, Кирил и Методиј, Цар Самоил, Илинденско востание, Недоветни да водите дипломатија“, и слично.

Љупчо Златев за оваа објава на својот фејсбук профил пишува:

За жал македонските универзитети не користат софтвер кој открива плагијати кај професорите.
Токму затоа, Димче е навикнат да прави плагијати.
Целата кариера му е ваков плагијат…