Оттаму велат дека првиот пожар бил регистриран од 11 па се до 12.30 часот, а гореле поранешни бараки. Вториот пожар пак бил регистриран во 15.20 и траел сѐ до 19 часот во Челопек, каде изгорела и куќа, објект, добиток и стрништа.

– Таму сè уште има дежурни екипи, пожарот е локализиран, изјави командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Во Дренак, на потегот кон Дренак -Жељувино сè уште е активен пожарот кој е на поголема височина на непристапен терен и го гасат пожарникари, припадници на МВР, шумско стопанство. Таму гори нискостеблеста шума.

-Пожарот во моментов е под контрола, но ќе останат екипи извесно време, состојбата се менува од час во час, вели Трајковски.

Во кумановско, екипи од територијалната противпожарна единица интервенираат на три жаришта, информираше командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

– Пожар има над Довезенце, на еден повисок дел, таму е наша екипа, активно е и жариште на потег Горно Јачинце-Довезенце и на уште една локација Мургаш кон Горно Јачинце, каде се работи на догасување-изјави Илиевски.

По објавите во некои медиуми за жртва во Старо Нагоричане МИА побара одговор од МВР од каде велат дека постапуваат по пријава во Челопек, Старо Нагоричане.