На 21.12.2021 во 10.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на 20.12.2021 околу 23.20 часот настанал пожар во гаража на зграда на ул.„Ибе Паликуќа“, при што биле зафатени три патнички возила: патничко возило „опел астра“, сопственост на А.М.(38), патничко возило „пежо 206“, сопственост на К.В.(24) и патничко возило „фолксваген голф“,сопственост на М.Г.(73), сите со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.