Денеска (04.08.2022), на службен разговор во Полициската станица Делчево било повикано едно лице, поради сомнение за инволвираност во пожар во возило – комбе „мерцедес спринтер“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Е.С.(43) од Делчево, пријавен околу 03.40 часот на бул.„Македонија“ во Делчево.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево, а повредени лица нема.

Увид бил извршен, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.