Во пензионерски дом во предградие на Валенсија ноќеска избувнал пожар во кој загинаа пет лица, соопшти противпожарната служба.
Пожарот избувнал околу полноќ и биле потребни околу два часа да се стави под контрола, сооштија пожарникарите на официјалниот Твитер профил.
Околу 70 корисници на домот се евакуирани од објектот во Монкада, северно предградие на Валенсија, третиот по големина шпански град.
Во домот живееле 100 лица.
Единаесет лица морале да добијат помош во болница поради вдишување чад, соопшти службата за итна помош.
Пожарникарите и полицијата ги истражуваат причините за пожарот.
-Првите индиции укажуваат на две можности: дефект на електричната инсталација веројатно поврзана со боца со кислород или невнимание на станар кој пушел, изјави градскиот советник и пожарникар Перез Аранда за ТВ 24H.