Пожар избувнал вчера во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.
Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Ѕвонко Томески.
Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.