Пожар што избувнал кај селото Славеј во Општина Кривогаштани зафатил и археолошки локалитет.
„Вчера околу 15 часот во СВР Битола е пријавено дека настанал пожар во атар на с.Славеј од кој бил зафатен дел од археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во атар на с.Славеј, општина Кривогаштани, при што била опожарена дел од опремата за ископување која се користи во локалитетот во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје. Пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп“, соопшти МВР.