Пожарот во беровско е локализиран. Пламените јазици се совладани, но затоа дел од изгорените дрва кои се разжарени се ризик за повторно да активирање на пожарот.
-Пожарот нема никаде активно горење. Но, има уште многу жаришта, стари и големи трупци кои се останати од некоја претходна сеча кои се метар – матер и половина, има и дрва кои не се сечени и горат како свеќа. Секојпат постои можност некои од нив да го рашири пожарот, изјави за Канал 5 раководителот на акцијата за гасење на пожарот во беровско, Ѓорѓе Илиев.
На терен останваат дел од противпожарните служби. Тие ќе дежураат вечерва во критичното подрачје за да спречат евентуално активирање на пожарот, како што беше тоа вчера.