Единаесетгодишно девојче е пренесено во болница по пожар што настанал во стан во Скопје.
Според МВР, вчера во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
