Нема повредени, се чека официјална информација

Експлозија проследена со силен пожар ја вознемири населбата околу скопски Зелен пазар синоќа (среда, 24 септември) околу 23 часот, кога огнот целосно зафати паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Огнената стихија оштети уште едно возило „Цитроен Ц4“ и се прошири кон покривот на маркет на пазарот. Пожарникарските екипи пристигнаа брзо и околу полноќ успеаја да го локализираат пожарот, продолжувајќи со гаснење за да се спречи ново ширење.

Местото на настанот го обезбедуваше полицијата. Во јавноста веќе се појавија претпоставки дека пожарот е подметнат, но официјални информации за причините засега нема.