Огнот во депонијата кај Арачиново изгаснат

По неколкучасовна интервенција со специјална пена, пожарникарите од Скопје успеаја целосно да го изгаснат пожарот во депонијата кај Арачиново. Сè уште се забележува чад од неколку точки, но огнот е под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот избувна вчера попладне.

Според Центарот за управување со кризи, до 7:00 часот утринава во земјата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, еден е активен, пет се под контрола, а 19 се целосно изгаснати. Активен е само пожарот во Општина Долнени, во село Долгаец, кај м.в. Тутуница, каде гори ниска вегетација.

Пожари под контрола

Под контрола се следните пожари:

-Општина Прилеп: село Дабница и м.в. Три багреми (ниска вегетација и ѓубре)

-Општина Гевгелија: планина Кожуф (приземен пожар)

-Општина Студеничани: села Малчиште и Осинчани (ниска вегетација и деградирана шума)

-Општина Чучер-Сандево и Липково: села Малино, Танушевци и Лукаре (мешана шума)

-Општина Делчево: депонија Острец (депонија)

Целосно изгаснати пожари

Пожарите кои се веќе изгаснати се:

-Општина Бутел: депонијата Визбегово (ѓубре), бул. Босна и Херцеговина (ниска вегетација)

-Општина Чаир: кај скопскиот аквадукт (ниска вегетација)

-Општина Македонски Брод: над село Бенче, планина Добра Вода (дабова шума и папрат)

-Општина Штип: села Љуботен (ниска вегетација, зафатена 1 куќа и 3 штали) и Видовиште (ниска вегетација)

-Општина Демир Хисар: село Суводол (ниска вегетација и отпад)

-Општина Петровец: села Ржаничино и Таор (ниска вегетација и трска)

-Општина Битола: населба Ушици (ѓубре)

-Општина Кривогаштани: село Подвис (ниска вегетација)

-Општина Кичево: Кичево (депонија), село Поповјани (стрниште), село Зајас (стрниште)

-Општина Тетово: позади Центрум (нива)

-Општина Желино: стариот патен правец Тетово-Желино (гуми)

-Општина Куманово: село Лубодраг (ниска вегетација и стрниште)

-Општина Гевгелија: село Давидово (меѓи и стрништа)

-Општина Арачиново: село Арачиново (депонија)

-Општина Старо Нагоричане: село Ругинце (ниска вегетација)