Воздушна поддршка повикана поради пожарот кај селото Церово

Пожарот што избувна попладнево во атарот на селото Церово во Општина Желино ја активираше авионската единица на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен се ангажирани два авиона „Ер Трактор“, кои активно работат на гаснење на пожарот.

Во интервенцијата учествува и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово. Поради тешкиот и непристапен терен, службите побарале итна воздушна поддршка за справување со огнената стихија.

„На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Како директор на ЦУК, веднаш координиравме барање до надлежните институции, по што моментално на терен активно дејствуваат авионите ’Ер Трактор’ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во гасење на пожарот,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

ЦУК: Ситуацијата се следи во реално време

Според информациите од ЦУК, службите се во постојана комуникација и координација. Вклучени се сите надлежни институции и теренски екипи.

„Сме во постојана координација со сите надлежни служби и состојбата се следи во реално време,“ додаде Али во својата изјава.

Пожарот кај селото Церово ја активираше воздушната интервенција со „Ер Трактори“, информираат од ЦУК. Теренот е тешко пристапен.