Социјалистичката партија на Македонија како позитивен исчекор го оценува признанието на досегашниот премиер и лидер на СДС Ковачевски за нивните грешки во владеењето со државата.

-Како големо откритие Ковачевски констатира дека ги научиле грешките за кои наводно знаат кои се, признавајќи го погрешното или катастрофално раководење, поточно безмилосно владеење со државата и владата.

Можеби смета доколку ги признае грешките ќе може да бара уште еден мандат за да ги поправи, или да експериментира во барањето нови решенија за повеќе криминал и корупција.

Ковачевски мора да сфати дека Македонија не е лабораторија во која тој ќе експериментира, ќе учи и ќе греши како се управува државата. За грешките секој мора да одговара.

Граѓаните постојано укажуваа на грешните политики, изразувајќи масовни незадоволства за владините одлуки, нему со потчинетиот СДС и оние безмилосни криминалци од ДУИ, кои немајќи слух посакуваа безгранична власт врз се и секого, жедни за лично богатење преку нечовечки суров грабеж на македонскиот народ и граѓани.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека грешките на Ковачевски си носат последици за него и за власта, со кои сите одродени од СДС и илјада пати потврдените криминалци од ДУИ треба да се соочат со санкциите.

На изборите кои следат СДС и ДУИ мора да бидат поразени и да заминат во историјата како грешни криминални политичари без знаење и легитимитет, велат од СПМ.