Се повеќе полицајци заболуваат, а ковид одделенијата се пред колапс, се вели во соопштение од полицискиот синдикат. Во моментов 400 полицајци се заразени со вирусот, а повеќе од 600 други се во карантин, пренесува Шпигел.
-Ако го конвертирате тоа, ние сме со инциденца од околу 4.000“, тврди државниот претседател на полицискиот синдикат Кетлин Мартин за германски РТЛ. Всушност, инциденцата веројатно ќе биде помала, бидејќи го вклучува само бројот на новозаразени луѓе во изминатите седум дена – а не сите оние кои моментално се засегнати. Вкупно 14.000 луѓе се вработени во саксонската полиција,Следните две до пет недели ќе бидат навистина незгодни за полицијата во Саксонија, вели Мартин. Не знаете колку долго може да се одржуваат операциите во одделните области.
80 отсто од моментално заразените се вакцинирани – вели портпаролка, тврдејќи дека полицајците не примиле бустер вакцина навреме. Инаку, кампањата за вакцинација на полицијата во Саксонија заврши во септември, а тогаш не се размислувало за бустер вакцина, но откако беше погодена од неконтролираниот четврти бран, очигледно и третата доза ќе стане задолжителна за полицијата.