Позицијата на Македонија во однос на апсењето на Мадуро од страна на САД

Кога Македонија ја доби пресудата пред МСП во Хаг 2011г. пола од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа и се правеа како за нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот Суд на Обединетите Нации. Пресудата дека малата Македонија во 2008, спротивно на меѓународното право, била попречена да добие покана за членство во НАТО, ја сметаа за небитна, а уште помалку за обврска која секоја држава членка на О.Н. треба да ја почитува.

Пишува: Антонијо МИЛОШОСКИ

Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес, бидејќи токму тие 5-6 европски држави со молчењето веќе го направија преседанот во однос на селективната (не)примена на меѓународните облигации за членките на ОН.

🇲🇰 После ова искуство на хипокризија, денес Македонија во однос на апсењето на Мадуро има сосем навремена и правилна позиција, изразена преку министерот за надворешни работи Муцунски. Кратко и јасно, поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД 🇺🇸 ! Светот влегува во нова геополитичка динамика и Македонија, како членка на ОН и на НАТО, легитимно и проактивно треба да си го следи својот интерес.

Истовремено оваа нова ситуација е добра шанса за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела 🇻🇪 , која од автократија има добра прилика да стане демократија без политички затвореници, без нарко-картели и да биде стопански развиена држава во интерес на сите нејзини граѓани