Десертот „бомбици“ причина за труење
Бактеријата стафилокока е причината за труењето на 140 деца од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“. Од земените примероци храна, била пронајдена во десертот, бомбици кои учениците ги добиле откако јаделе мусака. Бактерии имало и во брис кој бил земен од кујнски сад – потврдуваат од Институтот за јавно здравје.
„Од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад е најдено зголемен број на аеробни мезофилни бактерии кои укажуваат на нехигиенски услови. Брисовите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди, додека брисовите од грло и нос на вработените се негативни“, изјави д-р Марија Андоновска – директорка на Институтот за јавно здравје.
Надворешна фирма ја доставува фирмата
Храната во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ ја доставува надворешна фирма. Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително треба да соопшти дали ќе има санкции или кривична одговорност од добавувачот на храна во училиштето. Ја консумираа децата од прво до трето одделение кои одат во целодневна настава. По пријавата за труење, кујната е затворена.
Оброк мусака и десерт бомбици – 360 ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ имаа во четвртокот, 140 од нив уште истиот ден се пожалија на стомачни болки, повраќање и дијареја.