Спортската сала „Наум Наумовски – Борче” во Општина Карпош, позната како сала „Партизан“ помеѓу карпошани и скопјани од денеска и официјално започна со работа.

Стариот „Партизан“ од кој произлегоа многу спортски имиња беше проектиран од Трајко Димитров. Премиерот Димитар Ковачевски му се заблагодари на изведувачот и надзорот кои што го завршија објектот во предвидениот рок кој истекуваше на крајот на годинава.

Благодарност и до архитектите кои го осмислија современиот изглед на салата и на сите други кои се заслужни за денешниот модерен лик на оваа сала, која од денеска ќе биде на располагање на сите љубители на спортот во Карпош и пошироко, рече Ковачевски.

Спортската сала „Партизан“, беше донација на Франција по земјотресот и повеќе од 20 години претставуваше руина во овој дел од нашиот главен град.

За реновирање на нејзината надворешност, но и внатрешноста, беа издвоени над 1,1 милиони евра буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт.