Партиите ги кројат своите изборни списоци, а во игра се повеќе варијанти. ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти своите кандидати за носители на изборни единици, додека пак СДСМ сѐ уште тактизира.

ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори ќе оди со Христијан Мицкоски во изборната единица 1, Владо Мислајковски во втората изборна единица, Драган Ковачки во третата изброна единица, Александар Николоски во изборната единица 4 и Дафина Стојаноска во шестата изборна единица. Што се однесува до петтата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе го соопшти кандидатот денеска.

Договор со дополнителни условувања: Со прифаќањето на францускиот, отстапивме од нашите преговарачки позиции и не добивме ништо - искусни и квалитетни носители на изборните листи на ВМРО - ДПМНЕ, тврди Мицкоски

Ситуацијата е многу поинтересна кај СДСМ. Се разбира, најголемо изненадување е политичкиот камбек на Венко Филипче во четвртата изборна единица.

Неофицијално кандидатите на СДСМ се следните:

Во првата изборна единица на СДСМ носител би бил Димитар Ковачевски. Според неофицијални извори како социјал-демократска пракса СДСМ би имал и коносител на листа, а тоа би била Моника Зајкова, лидерот на ЛДП, коалициски партнер на СДСМ.

Во втората изборна единица СДСМ би одел со Сања Лукаревска или Фатмир Битиќи.

Во третата изборна единица во игра се два кандидата, а тоа се Љупчо Николовски или Оливер Спасовски.

Најголемото изненадување од четвртата изборна единица може да биде Венко Филипче, екс министерот за здравство и лично голем пријател на Зоран Заев.

Според неофицијални информации СДСМ во петтата изборна единица ќе оди со актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровски. За шестата изборна единица СДСМ се уште не се знае дали ќе има кандидат, а ова претежно би зависело од тоа дали партијата ќе оди во коалиција со ДУИ.

Утрово овие теми ги разговаравме и во нашата емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ со пратеникот Бране Петрушевски.

(ВИДЕО) Петрушевски: Мицкоски направи идеална група на носители на изборни единици

Извор: 360 степени, Прес24