Познати се сите екипи што обезбедија пласман во наредната фаза од Купот на Македонија во фудбал, односно во четвртфиналето од ова масовно натпреварување.
Во претстојната ждрепка за четвртфиналните пресметки ќе се најдат два второлигаши и шест прволигаши кои успешно ги минаа претходните пречки.
Пласман меѓу најдобрите осум екипи обезбедија Скопје, Струга, Арсими, Вардар, Силекс, Шкендија Арачиново, Работнички и Македонија ЃП.
Во четвртфиналната фаза од натпреварувањето ќе се игра само еден натпревар, а доколку по регуларните 90 минути резултатот биде нерешен, победникот ќе се одлучува со директно изведување на пенали. Бранител на шампионскиот трофеј во Купот на Македонија е тимот на Силекс.
