Завршија изборите во Србија, а партијата која ја предводеше Вучиќ уште еднаш издвојува убедлива победа и покрај многуте забелешки за нерегуларности.

Листата „Александар Вучиќ – Белград утре“ освои 52,9 отсто од гласовите, односно 64 советнички мандати во градското собрание на Белград, врз основа на 100 отсто од обработениот примерок, соопшти денеска Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД).

ЦЕСИД на социјалната мрежа Х соопшти дека, според првичните резултати, листата „Јас сум Белград – Саво Манојловиќ“ освоила 17,4 отсто од гласовите (21 мандат), а листата „Го бираме Белград (Бирамо Београд)“ 12,2 отсто (14 мандати).

Листата „Ние, силата на народот – д-р Бранимир Несторовиќ“ освои 8,1 отсто од гласовите (девет мандати) и малцинската руска партија со 1,2 отсто од гласовите (два мандата).

Под цензусот останаа листите „За зелени Београд – д-р Дејан Жујовиќ“ со 1,2 отсто, како и „Ние – гласот на народот“, Доста је било и „Еден од пет милиони“ со 0,9 отсто од гласовите. .

Листата „Тато, ова е за тебе“ освоила 0,8 отсто, Народната партија 0,6 отсто, Сојузот на Ромите на Србија 0,4 отсто, листата „Нашиот град“ 0,3 отсто, Партијата за правда и помирување 0,1 отсто.