Член на обезбедувањето на Мицкоски во притвор – Откриени нови детали

Ангел Самараков, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, заврши во притвор откако беше фатен во обид да продаде доверливи документи за 50.000 евра.

Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка

Обвинителството: Самараков снимал и објаснувал доверливи документи

Според Обвинителството за организиран криминал и корупција, обезбедувачот на Мицкоски, бил самостоен инспектор во Единицата за лично обезбедување на премиерот, на 30 март во Велес се сретнал со сведок и му покажал службени документи од МВР. Осомничениот му дозволил на сведокот да ги снима документите и му ја објаснувал нивната содржина. Неговата цел, според истрагата, била да добие 50.000 евра.

Притвор и можни последици

Обвинителството предложи мерка притвор во траење од 30 дена, што беше прифатено од Основниот кривичен суд Скопје. Според член 360 од Кривичниот законик, за кривичното дело „оддавање службена тајна“ е предвидена затворска казна од една до 20 години.

МИЦКОСКИ И ТОШКОВСКИ РАСЧИСТУВААТ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ: Уапсен член на обезбедувањето на премиерот!

Официјално демантирање на поврзаност со Грчец

Иако некои медиуми ја поврзаа истрагата со група од Грчец, Обвинителството истакна дека случајот нема никаква поврзаност со тие шпекулации.

Со ваквиот потег, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски расчистуваат со криминалот, дури и во „своите редови“. Правдата почнува да важи за сите.

Извор: Плусинфо