Вања и Панче убиени: Објавени видео снимки од движењето на возилата пред убиството на Жежовски

На денешното судско рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа прикажани видео записи кои документираат движење на возилата „Рено Кангу“ и „Цитроен“ на 22 ноември 2023 година, денот кога беше убиен велешанецот Жежовски.

Движење на возилата според безбедносните камери

Убиството на Вања и Панче отвори многу полемики во јавноста. Но, видеозаписите целосно го разоткрија Палевски.

„На снимка од безбедносна камера поставена на куќа на улица Академик Пенчо Дапчев бр. 23, во 10:05 часот, може да се види како најпрво поминува ‘Рено Кангу’, а неколку секунди подоцна, по истиот пат, се движи и ‘Цитроен’“, беше посочено во судот.

Дополнителни снимки од безбедносните камери на хотелот „Романтик“ кај езерото Младост прикажуваат слична временска рамка.

„Во 10:15 часот, камерите на хотелот регистрираат како ‘Рено Кангу’ се движи од Велес кон Скопје. По кратко време, зад него поминува и ‘Цитроенот’ управуван од Панче Жежовски,“ беше презентирано пред судот.

Детали од втората камера на хотелот

Од друга безбедносна камера поставена на истиот хотел, биле забележани дополнителни детали.

„Повторно се гледа ‘Реното’, а совозачот е облечен во црна гардероба со бели линии. По него, на снимката се појавува и ‘Цитроенот’,“ беше посочено во презентираните докази.

Како настана монструмот Палевски?

Убиството на Ѓорчевска и Жежовски направи колективна траума за целата нација. За потсетување, нашата редакција направи подкаст на оваа тема. Како настана монструмот Палевски?

Обвинителката Крстевска Јосифовска ги отфрла обвинувањата

Обвинителката Крстевска Јосифовска ги негираше наводите на Палевски и истакна дека обвинителството ги има обезбедено сите докази. Таа посочи дека тврдењата на Палевски се неосновани и дека судењето се приближува кон моментот кога јавноста ќе биде запознаена со конкретните дејствија на обвинетиот.

„Очигледно е дека со презентирањето на видеозаписите, судењето се приближува кон делот кога јавноста ќе дознае кои дејствија ги преземал Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметниот настан,“ изјави обвинителката.

Истражување за изјавите во рацете на Палевски

Обвинителството најави дека ќе истражува како во рацете на Палевски завршиле списи од изјавите на обвинетите.

Обвинителките за првпат дадоа изјава за јавноста од почетокот на судењето: Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски со двете убиства

Овие списи, според тврдењата, требало да останат исклучиво во рамките на Јавното обвинителство.