Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за Супер Куп натпреварот.

Дуелот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, додека контролор ќе биде Драган Начевски. Овој натпревар е на програмата во текот на утрешниот ден од 18:00 во струмичката сала „Парк“.