Џек (84) последен пат беше виден во јавност пред околу една година.
Гласините со години говорат, а по сѐ, изгледа дека и се потврдува, дека холивудскиот глумец боледува од потежок вид деменција. Имено, неименуван пријател за американскиот печат раскажува дека трикратниот оскаровец минува „тажни, последни денови“ во вила во Беверли Хилс.
– Тој е физички добро, но не и психички. Џек и јас сме пријатели со години и тој никогаш не го напушта својот дом. Неговите син и ќерка се грижат за него. Навистина е тажно да се види глумец како Џек да го минува тој пат, рече пријателот за „Рејдар онлајн“.
Тој во кариерата глумеше во вкупно 79 филмски и ТВ-проекти, а освои три „Оскари“ од вкупно 12 номинации за глума. Има пет деца, но времето го минува главно со својата ќерка Лорејн и синот Реј, кои живеат во негова близина. Последната улога му беше во љубовната комедија „Како да знаеш“ (How Do You Know), од 2010 година.