Според него, церемонијата била откажана пред неколку дена.

Како што напиша на Твитер, раководството на Исламскиот емират на Авганистан, како што талибанците ја нарекоа земјата, објави дел од членовите на кабинетот кои веќе започнале со работа, пренесува агенцијата ТАСС.

Самангани ги демантираше информациите дека инаугурацијата била закажана за 11 септември, нарекувајќи ги гласини.

Талибанците претходно го објавија составот на новата влада со премиер Мулах Мохамед Хасан Акунд, а негов заменик е Мулах Абдул Кани Барадар.