Честитката ви ја пренесуваме во целост:

23-ти октомври е денот кој е темел на зачетоците за градење на идејата за слободна и самостојна македонска држава. Пред 128 години беше даден заветот кој живееше и ги водеше Македонците низ сите премрежија и предизвици низ кои поминуваше нашата татковина. Револуционерниот идеал на Македонците беше водилката низ Илинденската епопеја од 1903, национално ослободителната партизанската борба која се круниса со АСНОМ и конечно 8-ми септември кога се оствари сонот на Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров и Христо Батанџиев.

Токму таа борба и идеја за слободна и независна Македонија беше и остана иста и во 1893 година и во 1903 година и во 1944 година и 1991 година.

За идеалот за слободна Македонија се бореа и жртвуваа илјадници храбри синови на Македонија и затоа денес се поклонуваме пред нивниот самопрегор и саможртва.

Ние како генерација имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја и покрај сите нови предизвици со кои се соочуваме и денес.

ВМРО е симболот зад кој треба сите граѓани на Македонија цврсто да застанеме без оглед на национална, политичка и било каква припадност бидејќи тоа единствениот начин за подобра иднина за сите луѓе, како и поуспешна и просперитетна Република Македонија.

Да живее ВМРО,

Да живее Република Македонија

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ