Во Собранието денеска треба да продолжи расправата по Дополнетниот предлог-буџет за 2023 година.
Според веб страницата на Собранието, седницата треба да почне во 12 часот. Денеска е четврти ден од расправата по Дополнетниот предлог-буџет за 2023 година.
Дополнетниот предлог-буџет е на пленарна седница откако претходно на владина седница беа вградени прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Пред оваа седница, закажана е пленарна седница на која пред пратениците треба да се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски.