Пратениците во рамки на 71 седница, денеска попладне ја завршија расправата по годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2021 година.
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски информира дека листата на пријавени за збор е исцрпена и дека за гласањето по извештајот дополнително ќе информираат, а дека седницата продолжува во среда.
Претходно, Народниот правобранител Насер Зибери во обраќањето на седницата апелираше до пратениците, Годишниот извештај заедно со предлог-мерките кои што ги утврдува Собранието на пленарна седница да се разгледаат во пооптимален рок.
Тој појасни дека набргу ќе дојде и Извештајот за 2022 година и за тоа расправата за 2022 година ќе станат стари, а мерките кои што согласно Законот за народниот правобранител ги утврдува Собранието и ги доставува до Владата за надлежно постапување, стануваат несоодветни заради заостанато време за кое што се разгледува.