Денеска го затвораме последниот настан кој што го имаме со германската фондација Конрад Аденауер за обука на целокупната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овие три дена бројни домашни и меѓународни експерти, пред се експерти од Германија, како и неколку пратеници од германскиот Бундестаг и министри од сојузната влада, учествуваа во обуката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во однос на нивната целокупна работа, пред се во делот на настап во Собранието, делот на комуникација со граѓаните, делот на контрола над власта и делот на избори и изборни кампањи, нагласи потпретседателот Александар Николоски.

Тој вели дека продолжува континуираната соработка со фондацијата Конрад Аденауер, но тоа што е за него исклучително важно е што вака голем настан и ваква голема обука се случува прв пат после една обука и настан кои што станаа запаметени и во политичката историја на Македонија, а тоа е во 2005 година.

Прв пат имаме толку интензивна и за прв пат толку голем обем обука која што беше во 2005 година, што зборува за еден сериозен напредок и зборува за односите кои што ги имаме со сестринската партија ЦДУ, како и со нивната фондација Конрад Аденауер.

Се надевам дека пратениците ќе можат сите овие искуства да ги преточат и во Собранието, како и во битката која што очекуваме да ја водиме во текот на летото за предвремени парламентарни избори, кои што очекуваме да се случат заедно со локалните избори на крајот од октомври и почетокот на ноември оваа година.