Полициски службеници спровеле полициски претрес во домот и канцелариите на Асмир Јахоски, осомничен за учество во незаконски набавки на нафтени деривати. Наместо мирно соочување со органите на прогонот, неговиот татко, пратеникот Исмаил Јахоски, направил вистински хаос, дознава НетПрес од извори во истражните органи.
Јахоски попречувал полициски претрес, се повикувал на имунитет
Според нашите информации, пратеникот Исмаил Јахоски одбивал да ја отвори вратата за време на полицискиот претрес, негирајќи ја наредбата на полицијата и повикувајќи се на пратенички имунитет. Додека тимот за претрес се подготвувал да влезе, Јахоски се обидел да стигне до одредени документи и електронски уреди, кои можат да го поврзат со организиран криминал поврзан со сомнителни набавки на нафтени деривати.
Откриен сеф со оружје и кеш пари
Нашите извори велат дека ситуацијата ескалирала кога полицијата за време на полицискиот претрес пронашла сеф полн со оружје и кеш пари.
Дали полицијата ќе ја потврди оваа информација, останува да се види во текот на денот.
Оваа акција е дел од пошироката истрага за организиран криминал поврзан со нафтени деривати, а истражните органи најавуваат дека ова е само почеток – никој што го труе и краде народот нема да остане недопрен од правдата.